еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Новинарите од „1ТВ“ се одјавија и заминуваат на колективен одмор: Mожеби беше и последниот Дневник кој го гледавте

Новинарите и вработените во „1ТВ“ синоќа се одјавија од програмата и заминаа на колективен одмор, со надеж дека повторно ќе се вратат.

“Можеби беше и последниот Дневник кој го гледавте на „1ТВ“. Најголемиот удар кој новинарството може да го доживее е згаснување на еден медиум.

Згаснување на јавен простор, за што веруваме дека никому не оди во прилог, особено не на државата која е пред портите на НАТО и ЕУ, односно највисокото ниво на демократски вредности.

Денеска, исправени пред предизвикот на овие тешки две недели за телевизијата, соочени сме дури и во вакви услови да не отстапиме од објективно и професионално известување.

Тимот на „1ТВ“ ги почитува сите новинарски стандарди и известува непристрасно. Гледачите беа сведоци дека „1ТВ“ ги изнесе сите информации во јавноста, дури и во услови кога иднината на телевизијата е загрозена. Сепак, случувањата поврзани со Бојан Јовановски, влијаат и на медиумот.

Да се надеваме, дека ова не е одјава, туку свеж почеток за рестартирање на „1ТВ““, соопштија од „1ТВ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како случајот „Рекет“ ќе влијае врз новинарите и вработените во телевизијата на Боки 13 „1ТВ“

фото: „1ТВ“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тимот на СЗО во Вухан ја почна истрагата за потеклото на коронавирусот

Редакција

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи во предвидениот рок, велат од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Редакција

Студентите ги добија средствата за субвенциониран студентски оброк, велат од МОН

Редакција