еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Новинарката Душица Мрѓа два пати негативна на корона вирусот, излегува од самоизолација

Новинарката Душица Мрѓа два пати е негативна на корона вирусот и излегува од домашна самоизолација по две недели карантин.

„По вториот негативен тест излегувам од домашна изолација. Овие 14 дена, додека бев оделена од најблиските, семејството, пријателите, колегите беа исклучителна лекција за тоа колку е животот непредвидлив, но и колку корона вирусот којшто буквално го стопираше светот, демне oд секој агол.

Неопходно е да бидете одговорни и да се грижите за сопственото и здравјето на своите најблиски, затоа што никој нема тоа да го направи за вас.

А со грижа за себе, се грижите и за сите други. Затоа што оваа битка зависи од одговорноста на сите.

Уште еднаш од срце на сите кои се борат со Ковид-19 им посакувам што побрзо да се изборат со болеста, без никакви последици. На самоизолираните им посакувам трпение и негативен тест.

Драги луѓе, вие кои целиот овој период бевте моја поддршка од срце ви благодарам. За грижата, за муабетите, за помошта, за поддршката. Не попусто рекле, на мака се познаваат вистинските луѓе, јас во ова време-невреме, само си потврдив дека во мојот живот има само такви, вистински луѓе!

Секако посебна благодарност, но и извинување за моето семејство кое повторно, по којзне кој пат, поради моја ситуација доживува стресови,“ пишува таа на нејзиниот фејсбук-профил.

На Мрѓа и беше одредена самоизолација по гостувањето во нејзината емисија на потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој е позитивен на корона вирусот.

фото: Фејсбук/Мрѓа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Ако цели класови не се стават во изолација по регистрирани позитивни, ќе имаме ран почеток на есенскиот бран

Редакција

Во март 32 нови случаи на шуга и девет на сифилис

Редакција

Починато лице пронајдено покрај возило на автопатот Велес-Скопје после наплатната рампа Отовица, сообраќајот по една лента

Редакција