еМагазин
Image default
Македонија

Новинарот кој ја објави снимката со Боки 13, Кичеец и Камчев најавува објавување на нови шокантни документи

Политиколот и новинар Ларис Гајсер, авторот на текстот за италијанскиот весник La Verità, кој денеска беше објавен заедно со аудио и видео снимки на кои се гледа како осомничените за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Зоки Кичеец), земаат пари од бизнисменот Орце Камчев на својот Фејсбук најави нови шокантни документи.

„Во следните неколку денови, ќе објавиме шокантни документи коишто, искрено се надевам, ќе ѐ помогнат на Македонија да го пронајде патот кон функционалната демократија!“, пишува Гајсер.

За денешната објава вели дека е само прв дел:

„Денеска во Ла Верита е објавен првиот дел од мојата сторија што докажува како Европската Унија, откако даде поддршка за промена на режимот во Македонија, со цел да го ограничи нејзиниот суверенитет, се заложи за основање на специјално јавно обвинителство (со Катица Јанева) коешто од самиот почеток не само што нелегално се мешаше во политиката, туку и рекетираше луѓе! Мафијашки систем контролиран од политичари од врвот! Од оние политичари барани од ЕУ и Сорос“, напиша на Фејсбук, Гајсер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Ларис Гајсер кој ја објави снимката на која Боки 13 зема пари од Камчев

Нов сомнеж за инволираноста на Катица Јанева во „Рекет“ по снимката на која Боки 13 зема пари од Камчев

Италијански весник објави видео како Боки 13 и Зоки Кичеец земаат пари од Орце Камчев

За што разговараат Боки 13 и Камчев на аудио снимката што ја објави италијанскиот весник

Фото: Фејсбук/Гајсер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прележувањето не е гаранција: 116 лица во Македонија по вторпат заболеле од Ковид-19, двајца од нив починале

Редакција

(ВИДЕО) Пред Собранието и денеска протест: Девојка симната од бината зашто извика „Јас сум за НАТО“

Редакција

Власта уфрла провокатори за да апси народ, обвинуваат од Левица

Редакција