еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Новинарот кој го обелодени „Рекет“ очекува крај на премиерската кариера на Зоран Заев

Новинарот на италијанскиот весник „Ла Верита“, Ларис Гајсер откако деновиве ја здрма македонската и европската јавност со објавувањето на аудио и видео снимките за „Рекет“ денеска за радиото Каподистрија даде опширна анализа за целиот случај.

Тој рече дека очекувал дека лицата од снимките да негираат дека се работи за нив.

„Не спиев од страв дека луѓето од снимките ќе негираат дека се тие. Нешто што е сосема легитимно. Но, сите признаа дека се работи за нив“, вели Гајсер.

Тој соопшти дека е разоткриена системска корупција, и политичка и судска, а аудио разговорите јавно ги објавиле зашто се стравувало дека ќе исчезнат доказите.

Според него, претседателот Стево Пендаровски вчера со прес-конференцијата покажал дека полека се дистанцира од премиерот Зоран Заев.

„Македонија го смени името како подарок за Грција. По овој скандал, сигурен сум дека Заев ќе ја заврши кариерата на премиер. Заев нема меѓународен кредибилитет“, рече Гајсер.

На прашањето дали се познава со поранешниот премиер Никола Груевски, тој „призна дека имал контакт со луѓе на Груевски од минатото, но дека лично не го познава ниту него, ниту Виктор Орбан“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(АУДИО) Сите осум разговори кои денеска ги објави италијанскиот весник Ла Верита

За што разговараат Боки 13 и Камчев на аудио снимката што ја објави италијанскиот весник

Италијански весник објави видео како Боки 13 и Зоки Кичеец земаат пари од Орце Камчев

Фото: Фејсбук/Гајсер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каракачанов изгуби во Бугарија, ама победи во Македонија

Редакција

Кој е Игор Милев кој Владата го предлага на местото на Зоран Китанов во Македонски телеком

Редакција

Антикорупциска формирала тим за договорот со „Бехтел и Енка“

Редакција