еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Новинарот Мишко Иванов се повлекува од уредување на вести и дневникот на ТВ „24“, а и од политички соочувања

Новинарот Мишко Иванов се повлекува од уредување на вести и дневникот на телевизија „24“, а и од политички соочувања. Останува само на емисијата „Патот до успехот“.

Ваквата одлука на Иванов следува откако неговата сопруга Татјана Стојановска Иванова беше избрана за член Извршниот одбор (ИО) на СДСМ.

„Сакам да ве информирам дека после сите случувања изминатава недела, јас Мишко Иванов, новинар од 1997 година, досега без ниту една дамка во својата кариера, поради политичкиот и партискиот ангажман на мојата сопруга во ИО на СДСМ, се повлекувам од уредување на вести и дневникот, а и од политички соочувања.

Прво, не сакам да го нарушам угледот на телевизјата кој се гради со години, а второ и мојот морален и етички моментум не ми дозволува да бидам уредник на дневник или пак да водам политички и економски дебати.

Останувам во ТВ 24 и фокусот го насочувам исклучиво кон моето милениче „Патот до успехот“, емисија наградувана, гледана и респектирана, што ми е посебна сатисфакција. Оваа одлука ја донесов веднаш по прифаќањето на политичката функција на мојата сопруга. Ја објавувам денес, чекајќи да видам до каде ќе отидат со плукањата моите колеги.

Благодарност до менаџментот и уредничкиот тим на ТВ 24 кои најдоа разбирање за оваа моја одлука. Новинар сум бил, новинар и ќе останам и никогаш нема да дозволам да се судрам со моралот и етиката.

П.С Иако, сите напади изминатиов период ги доживеав смирено. Сепак не очекував дека најжестоките ќе бидат од блиски пријатели. Ова е добра поука во животот за да дознаеш навистина кои ти се вистински пријатели.

Ова се однесува и за колегите новинари. Со некои од нив долго време соработував и знаејќи ме како човек сепак се обидоа да удрат по мојот интегритет. Јас сум чист пред себе, дали сте Вие? Во моментот, досега можам единствено да се заблагодарам на коректноста на Канал 5 ТВ“, пишува Иванов на неговиот фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ доби нов Извршен одбор: Кои се новите членови

фото: Фејсбук/Иванова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мајка си е мајка: Видео од мечка која скока во Пена кај Бродец за да си го спаси мечето, хит на социјалните мрежи

Редакција

Распродажба во УЈП: Запленети камиони, автомобили и телевизори по багателни цени

Редакција

Европската комисија предложи нов пакет санкции против Русија

Редакција