еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Новинарот на „360 степени“ Јовановски ја доби наградата „Жан Моне“ за најдобра сторија

Новинарот на „360 степени“, Зоран Јовановски – за најдобра новинарска сторија, фоторепортерот во весникот „Вечер“, Наке Батев – за најдобра репортерска фотографија и Столе Марковски од Кочани – за најдобра аматерска фотографија, се годинашните добитници на наградата „Жан Моне“, што ја доделува Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми.

На конкурсот биле пријавени 43 новинари, со 49 новинарски стории, 15 професионални фоторепортери со 40 фотографии и 24 аматери со исто толку фотографии.

Јовановски ја доби наградата за сторијата „Како до интегрирано општество со етнички дезинтегрирано образование“.

– Снимавме во многу училишта, па колегите во мојата редакција ме прашуваа дали има училиште во кое не сум снимал. Дозволете ми кратко да се навратам на нешто лично. Училиштето во кое завршив основно образование во Тетово беше етнички мешано. Се разочарав кога пред некоја недела снимав таму, токму во моето училиште, и видов дека тоа е речиси моноетничко.

Едноставно родителите решиле да не ги мешаат децата, да ги разделат и да ги запишуваат во етнички чисти училишта, па се почувствував поразено зашто не очекував таков расплет на настаните. Ова е мое лично искуство кое за жал денеска го имаат многу ученици во етнички мешаните средини, рече новинарот Јованоски.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар истакна дека му е драго што 17 пат се одржува доделување на наградите „Жан Моне“.

– Некои велат дека новинарите се како огледало кое што на другите им го прикажува тоа што не е во ред во општеството. Некои општества за таа слика како виновни го посочуваат огледалото, но здравите општества ќе го искористат тоа за да се подобрат и да напредуваат, нагласи Жбогар.

Жирито кое ја додели наградата се состои од седум члена: претставникот од Делегацијата на Европската Унија, Александар Меломед, претставник од Секретаријатот за европски прашања, Мирослав Саздовски, минатогодишниот победник во рамки на категоријата за најдобра репортерска фотографија, Томислав Георгиев, минатогодишниот победник во рамки на категоријата за најдобра новинарска сторија, Бојан Блажевски, претставникот од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Дарко Дуридански, претставничката од Македонскиот институт за медиуми, Сања Васиќ, и истакнатиот хрватски новинар, Саша Лековиќ како почесен претседател на жирито.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До крајот на годината, 60 отсто од децата извадени од институциите

Редакција

Нова книга од ИЛИ-ИЛИ: Денес од печат излезе реизданието на романот „Жените Гаврилови“ од Кица Колбе

Редакција

„Да вежбаме заедно“: Скопјани од утре ќе можат да вежбаат на шест локации на отворено со поддршка на тренери

Редакција