еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Новиот данок за личен доход ќе ја дотепа Македонската берза

Македонската берза веќе со години наназад живурка наместо да биде двигател на финансиските активности во земјава. Ваквата состојба се продлабочи со економската криза во 2008 година и се пролонгира со дологодишната политичка криза која внесе недоверба кај домашните и странските инвеститори.

Сега, со новиот закон за данок на личен доход што го предлага Владата постои сериозна опасност дополнително да се намалат активностите на берзата со оглед на тоа што од 1 јануари 2019 година се воведува и данок за капитални добивки односно ќе се даночи тргувањето на берзата.

Што пишува законот?

Капитални добивки

Член 59

(1) Под капитална добивка се подразбира разликата помеѓу продажната и набавната цена при продажба или размена на недвижен имот, хартии од вредност, учество во капиталот, друг подвижен и нематеријален имот.

(2) Ако разликата од став (1) на овој член е негативна се остварува капитална загуба.

Член 60

Обврзник на данокот на доход од капитални добивки е физичко лице кое остварува добивка од член 59 став (1) на овој закон.

Член 61

1) Основа на данокот на доход за капитални добивки претставува разликата помеѓу продажната цена на недвижен имот, хартии од вредност, учество во капиталот, друг подвижен и нематеријален имот и нивната куповна (набавна) цена.

(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, за капиталната добивка остварена од продажба на хартии од вредност, учество на капиталот, друг подвижен имот и недвижен имот во кој обврзникот живее најмалку една година пред продажбата, се признаваат нормирани трошоци од 10%.

(3) На обврзникот кој остварува капитална добивка од продажба на недвижен имот, на негово барање, наместо нормираните трошоци, му се признаваат стварните трошоци за  инвестициски вложувања, доколку документирано ги докаже.

Член 62

(1) За целите на утврдување на капиталната добивка, како продажна цена на хартии од вредност, учеството во капиталот, друг подвижен имот и нематеријален имот се смета договорената цена, односно цената која органот за јавни приходи ќе ја утврди ако оцени дека договорената цена е пониска од пазарната.

(2) Како продажна цена при продажба на недвижен имот се смета договорената цена, а доколку органот за јавни приходи оцени дека договорената цена е пониска од пазарната, како продажна цена се смета пазарната вредност на недвижниот имот  утврдена од страна на единицата на локалната самоуправа и Градот Скопје според Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот, без данокот на промет на недвижности.

(3) За целите на утврдување на капиталната добивка, како куповна (набавна) цена на недвижен имот, хартии од вредност, учество во капиталот, друг подвижен имот и нематеријален имот, се смета цената по која обврзникот го стекнал недвижниот имот, хартиите од вредност, учеството во капиталот и другиот подвижен и нематеријален имот.

(4) При продажба на недвижен имот кој обврзникот сам го изградил, за набавна цена се смета цената на чинење на недвижноста која обврзникот документирано ќе ја докаже, врз основа на трошоците направени за изградбата на недвижноста. Доколку истата не може да се докаже, за набавна цена ќе се смета цената на  чинење (градежна цена) на ист или сличен недвижен имот во периодот на изградбата на подрачјето на кое се наоѓа недвижниот имот, а доколку во тоа подрачје нема таков недвижен имот во тој случај за набавна цена ќе се смета цената на чинење (градежна цена) на ист или сличен недвижен имот во периодот на изградбата, која ќе се утврдува како просечна цена за територијата на Република Македонија.

(5) Како куповна (набавна) цена на хартиите од вредност кои се продадени или купени на берзата се смета цената која обврзникот ја документира како стварно платена, или ако тоа не го стори, најниската забележана трансакција во период од  една година, која претходи на продажбата на хартијата од вредност.

(6) Кај хартиите од вредност кои не котираат на берзата, како набавна цена се смета цената која обврзникот ја документира како стварно платена, или ако тоа не го стори,  нејзината номинална вредност.

Член 63

(1) Капитална загуба остварена со продажба на хартии од вредност се пребива со капиталните добивки остварени со продажба на хартии од вредност.

(2) Ако и по извршеното пребивање, според став 1 на овој член се појави капитална загуба, вишокот се пренесува на идните капитални добивки во наредните три години.

Член 64

Данок на доход не се плаќа за капитална добивка остварена од продажба на недвижен имот, доколку:

– обврзникот, кој живее најмалку една година во недвижниот имот пред продажбата, го продава по истекот на три години од денот на стекнувањето;

– обврзникот го продава недвижниот имот по истекот на пет години од денот на стекнувањето;

– обврзникот г о продава недвижниот имот стекнат по основ на наследување или подарок кој е ослободен од плаќање на данок согласно одредбите од Законот за даноците на имот

– обврзникот го продава недвижниот имот стекнат по пат на денационализација и

– доходот е остварен од продажба извршена помеѓу брачните другари, како и од  страна на брачните другари, извршена на трето лице во случај кога продадениот недвижен имот е во непосредна поврзаност со развод на бракот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата воведува данок на осигурување

Владата воведува данок на штедење во износ од 15 отсто

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко фото) Загина мече на патот кон Вејце, најверојатно настрадало во сообраќајна несреќа

Редакција

Бугарскиот претседател Радев бара Македонија да ги почитувала човековите права

Редакција

Енергетската криза на дневен ред на седницата на Советот за безбедност, која ќе се одржи утре

Редакција