еМагазин
Image default
Локално

Новиот градоначалник на Охрид, Георгиески вети дека градов сезонава нема да биде панаѓур

Градоначалникот на Охрид, Констанин Георгиески денеска пред медиумите најави нула толеранција на појавите на нелегално поставување урбана опрема низ градот.

Тој појасни дека во тек е постапка за донесување нова програма за поставување урбана опрема низ градот, што ќе биде предмет на расправа на следната седница на Советот на општината.

Георгиески истакна дека имлементацијата на правилникот за поставување на урбана опрема најмногу ќе зависи од свеста и волјата на охриѓани да придонесат градот да не наликува на панаѓур во сезоната, додека од јавните служби во градот колку ќе успеат во летната сезона да се спротивстават на, како што рече, „самоволието и дивеењето на одредни лица кои узурпираат јавна површина без да имаат соодветна дозвола за тоа“.

– На сите нив и во текот на велигденските празници кога се појавија првите индиции за такво однесување, на лицата кои поставуваа тезги на несоодветни места, сакам да им порачам дека ова лето за тоа ќе биде нула толеранција. Градот никогаш повеќе нема да биде панаѓур, порача градоначалникот Георгиески.

МИА/Фото: Општина Охрид

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) УНЕСКО ги „искорна“ палмите во Охрид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија: Го нападнал лекарот од Итна помош кој дошол да му помогне

Редакција

20 години не малтретираше: Семејството на битолчанецот кој го уби поранешниот зет, побара негово ослободување од притвор

Редакција

Приведена скопјанка која им овозможила на возрасни лица секс со малолетнички, при што и ги снимале

Редакција