еМагазин
Image default
Македонија

Ново рочиште за „Монуструм“: Треба да сведочат Блерим Беџети и Муса Џафери

Поранешниот министер за правда и актуелен градоначалник на Општина Сарај, Блерим Беџети, предвидено е денеска да сведочи на рочиштето за случајот „Монструм”.

Како сведок на судењето треба да се појави и Муса Џафери, поранешен вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор.

При презентација на „бомбите” од страна на обвинителката Фатиме Фетаи, јавноста имаше можност да слушне како Беџети и Џафери, комуницирале со други лица во однос на овој предмет.

Воедно, на оваа рочиште треба да се појави и сведокот Зоран Трајковски (полициски службеник), кој во „бомбите”, се слуша како комуницира со друго лице и објаснува дека на Синиша Алексовски му пренел дека пред 12 април може да се случи некој немил настан, напад на полициска станици и слично.

Во однос на оваа прашање Алексовски (поранешен советник за безбедност во кабинетот на екс претседателот Ѓорѓе Иванов ) потврди дека имал комуникација со Трајковски.

Добил од него усна информација дека има движења на екстремистички групи кои би можеле да нападнат полициски станици, но дека не му била потврдена.

На претходните рочиште за петкратното убиство на Смилковско Езеро, сведочеше речиси целиот врв на МВР од 2012 година.

Судењето за „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и предметот беше вратен на повторно судење.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се чека одлука на Влада: Комисијата за заразни болести препорача затворање на школите, градинките и универзитетите

Редакција

Отворени советнички листи на локалните избори следната година, најави Маричиќ

Редакција

(Фото) Македонскиот армиски тим за спасување почна со активностите за преребарување и извлекување на жртвите во Турција

Редакција