еМагазин
Image default
Македонија

Ново рочиште за „Рекет“: Боки 13 се пожали на болки и дека има рак, судијата не дозволи одложување

Првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13, на почетокот на денешното рочиште побара одложување поради здравствени причини.

Боки 13 се пожали на болки, и кажа дека со гастроскопија му е утврдено дека некој орган треба да му биде отстранет.

Судијата му одговори дека ќе повика итна помош, на што Јовановски рече дека не сака бидејќи тие само ќе му дале дијазепам и потоа нема да може да го следи судењето. Кажа дека има рак на желудник и дека ако се почитувала терапијата од препораките немало да дојде до тоа.

Судијата, сепак, реши судењето денеска да продолжи.

Судењето за „Рекет“ се наоѓа во доказна постапка и треба да се продолжи со презентирање докази, а на ред се снимки доставени од сведокот Јордан Камчев во Обвинителството.

На минатото рочиште беа презентирани фотографии од предмети одземени при претресот на домовите и работните простории на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, како и од претресот на домот на Зоран Милески-Кичеец, кој призна вина.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13 отстранет од судницата откако и се развика на Русковска: „Господ ќе те казни за тортурата“

Ќе се пуштаат снимките на Камчев: Продолжува судењето за „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Педесетти ден во Дебар нема новозаразени со коронавирусот

Редакција

Тодор Петров ја повлече иницијативата за нов референдум за името

Редакција

Ќе останат ли министри: Спасовски и Сугарески ќе почитуваат што и да одлучи Заев

Редакција