еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за уривањето на „Космос“

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвиненито е Бурим Рустеми од СЈО.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од одбраната.

Во предметот „ТНТ“, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со измени на Кривичниот законик ќе бидат опфатени и сексуалните работници, велат од Владата

Редакција

Филипче: Сцените од Струга се крајно разочарувачки за мене, барам истрага

Редакција

Таравари нема да му се извини на Заев: „Ако ги решил другите проблеми и покрупни прашања, слободно нека ме тужи“

Редакција