еМагазин
Image default
Македонија

Ново рочиште за „Талир“: Илија Димовски побара одлагање поради „старост“ на поротниците, судијата го одби

Со образложувањето на предложените листи со докази од страна на обвинителката Ленче Ристевска, во Кривичниот суд почна рочиштето за предметот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

На почетокот на судењето обвинетиот Илија Димовски побара од Судот да се одложи рочиштето со цел, како што кажа, да не дојде до повреда на постапката од апсолутен карактер, односно да не се случи одново почнување на постапката, поради, повикувајќи се на Законот за судии, кој вели дека поротниците кои ќе наполнат 60 години старост им престанува функцијата, а две од судечката порота во предметот тоа го исполнуваат.

Судијата Осман Шабани не го прифати барањето, но рече дека ќе го извести претседателот на Судот за забелешката на обвинетите.

Првото рочиште за случајот „Талир“ се одржа на 18 февруари годинава. Во случајот обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“.

Чингаровска лани во декември ја призна вината во случајот „Талир“ и се спогоди со тогашното Специјално јавно обвинителство (СЈО), по што Судот ја осуди на две годишна условна казна која нема да се изврши ако таа во наредните пет години не стори ново кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни лица.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и партијата ВМРО-ДПМНЕ.

МИА/Фото: Фејсбук/Димовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 920 случаи на Ковид-19 од 3.338 тестови, 119 се реинфекции

Редакција

Филипче: Нема лек за Ковид-19, терапија само од матичен лекар

Редакција

Врховен суд го „погреба“ СЈО: Не смеело да отвора истраги по рокот од 18 месеци

Редакција