еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Во Кривичниот суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Претходното рочиште на 5 ноември беше одложено поради неприсуство на пратеникот Илија Димовски.

Судијата Осман Шабани, тогаш кажа дека Димовски не го известил судот зошто нема да присуствува. Тоа го оцени како непочитување на судот и најави дека тоа веќе нема да го дозволува.

На денешното рочиште треба да почне образложувањето на предложените листи со докази.
Застапник на обвинението е обвинителката Ленче Ристевска.

Првото рочиште за случајот Талир се одржа на 18 февруари годинава. Во случајот обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни лица.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Единствената Национална платформа за учење од далечина ќе ја користат над 250.000 ученици и 25.000 наставници во јавните основни и средни училишта

Редакција

(Галерија) Ковачевски во Брисел се сретна со Ердоган, Петков, Радев, Мицотакис…

Редакција

Убава вест: Негативни сите 127 тестови за корона вирусот во скопските градинки и гереонтолошки установи

Редакција