еМагазин
Image default
Македонија

Ново рочиште за „Тендери“ на 20 ноември, ќе бидат сослушани тројца сведоци

На денешното рочиште за предметот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство беа сослушани двајца сведоци предложени од Обвинителството. Ново рочиште, на кое ќе бидат сослушани тројца сведоци, судијата Осман Шабани закажа за 20 ноември.

Вториот сведок Саша Гошев, кој работел како надзорен инженер во фазата градежништво на објектот на Музејот, рече дека еднаш неделно се одржувале состаноци меѓу надзорот, изведувачот и инвеститорот за тековните активности и оти понекогаш на тие состаноци присуствувала и тогашната министерка за култура Елизабета Канческа Милеска.

Сведокот одговарајќи на прашање од одбраната, рече дека на состаноците немал влијание и укажување од никого и оти стои на тоа што го потпишал во градежниот дневник.

Претходно денеска беше сослушан сведокот на СЈО, Томче Божиноски. Тој сега е пензионер, а е повикан да сведочи, бидејќи тогаш како инженер вработен во Дирекцијата за заштита и спасување бил член на Комисијата за технички прием на Музејот. Сведокот рече дека пред техничкиот прием на објектот неколкупати неофицијално, без писмен допис бил повикан за неколку стручни консултации за што нема добиено никаков надомест.

Додаде дека во Дирекцијата на месечно ниво пополнувале листа на активности каде тоа било евидентирано како давање стручна помош. Божиноски рече дека согласно елаборатот за заштита од пожари, експлозии и опасни материи во објектот била поставена потребната противпожарна опрема.

Тој на крајот од неговото сведочење побара надомест за трошоците за доаѓањето во судот.

Во предметот „Тендери“ првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“.

Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев пиел кафе со Никола Тодоров и Митко Јанчев во Струмица

Редакција

Од ноќеска на полноќ не смее да се објавуваат анкети за изборите

Редакција

„Заев и Пендаровски големи победници“: Грчките медиуми за претседателските избори

Редакција