еМагазин
Image default
Македонија

Ново рочиште за „Титаник“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со читање на СМС комуникација меѓу обвинетите, предложена од обвинителството.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

Судот на минатото рочиште го прифати барањето на обвинителството и одреди 30-дневен притвор на поранешиот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сменета само Стевановиќ, на другите директори на скопските клиники мандатот им е продолжен

Редакција

Објавена снимка за која се тврди дека се слуша како градоначалникот на Шуто Оризари, Дудуш, тепа човек во општината

Редакција

Уапсени Боки 13 и Зоки Кичеец

Редакција