еМагазин
Image default
Македонија

Новоизбраниот претседател на Советот на ЈО, Колевски: „Рекет“ фрла дамка врз целата јавнообвинителска функција

Новоизбраниот претседател на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски, денеска оцени дека случајот „Рекет“ во кој осомничена е и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, фрла дамка врз целата јавнообвинителска функција.

– Верувам дека колегите преземаат се што е во нивна моќ и во нивна надлежност да го расветлат овој случај кој морам да признам дека фрла темна дамка врз целата јавнообвинителската функција, изјави Колевски, одговарајќи на новинарски прашања по неговото именување на фунцијата.

Ацо Колевски денеска едногласно беше избран за претседател на Советот на ЈО со двегодишен мандат.

Изборот на новиот претседател доаѓа ден по одлуката на Советот на ЈО да почне постапка за разрешување на Јанева порад случајот „Рекет“.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештајот за разрешувањето на Јанева доставен до Собранието

Ацо Колевски едногласно избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство: Нема место за кривичен прогон за неправилности во вториот пензиски столб

Редакција

Скопскиот аеродром пуштен за сообраќај откако авион пред полетување заглавил во нанос од снег

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 328 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција