еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Новоматик групата на компании во Македонија, добија награда за унапредувањето на човековите права во бизнисот

Новоматик групата на компании мк, добија награда за посветеност на унапредувањето на човековите права во бизнисот, информираат од групацијата.

Оваа награда, годинава се додели за прв пат, на Меѓународниот ден на човекови права, во рамки на проектот „Поттикнување на принципите на бизнис и човекови права“, финансиран од Делегацијата на Европската Унија во земјава, а спроведуван од невладината и непрофитна организација Конект, во партнерство со Бизнис конфедерацијата и во соработка со Мрежата на Глобалниот договор на Обединетите Нации.

Наградата ја добија вкупно седум компании од нашава земја.

Проектот има за цел да ги истакне позитивните примери и со тоа да ја поттикне и промовира посветеноста на домашните компании за континуирано унапредување на човековите права преку нивните политики, оперативните практики и комуникацијата.

Проектот е особено посветен на мисијата компаниите своите практики да ги усогласуваат со „Водечките принципи за бизнис и човекови права на ОН“ и  со „Целите за одржлив развој“.

“Новоматик има воспоставено почитувачка, законски усогласена и недискриминирачка корпоративна култура на највисоко ниво согласно нејзиниот Кодекс на однесување, усогласен со „Глобалниот договор на Обединетите Нации“ чија е потписничка и членка.

Кодексот е обврзувачки за сите вработени на сите хиерарски нивоа со цел компанијата да делува според принципите на општествено одговорно работење со особена грижа за унапредување на човековите и работничките права, заштитата на животната средина, антикорупциското делување и коропративното управување и лидерство“, велат од групацијата.

Новоматик групата во Македонија слави 10 години јубилеј работење во нашата држава и е составена од четири посебни правни субјекти: ХТЛ Македонија, Мастербет (Астра Електронски Казина), МА Гаминг (Адмирал Електронски Казина) и Макотен (Казино Фламинго во Скопје и Гевгелија), кои заедно бројат над 1.500 вработени. Тие се дел од огромното Новоматик семејство од 30.000 вработени во поврзани компании во 50 држави во светот.

“Освени грижата за своите вработени што подразбира комплетно почитување на нивните права согласно закон, но и нивна постојана едукација и усовршување, програми и мерки за мотивација и примена на алатки за следење на нивното задоволство, и вклученост на секој еден вработен во одлучувачкиот процес преку, посебен проект: „Работилница на идеи“, Новоматик посветува особено внимание и на заштитата на своите корисници, особено заштитата на младите од патолошко коцкање.

За таа цел Новоматик веќе 6 години спроведува посебна програма за „Одговорна игра“ што се состои во запознавање на корисниците преку флаери, обуки, посебна линија за помош и специјалистички третмани, бесплатни за сите корисници што покажуваат интерес да се вклучат. Ваква програма, во нашата држава спроведуваат единствено Новоматик компаниите помеќу сите приредувачи на игри на среќа.

Исто така Новоматик компаниите се голем поддржувачи, донатори и спонзори на кои помош им е најмногу потребна“, велат од групацијата.

Проектот ги препозна овие заложби и процени дека Новоматик компаниите во Македонија е посветена на почитување на човековите права во сите области на нејзиното делување – кон вработените, деловните партнери и општествената заедница. Наградата е признание за позитивните практики на Новоматик компаниите во Македонија во унапредувањето на човековите права во самата компанија и во нејзиното деловно опкружување, велат од групацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Кредити за физички лица со посебни поволности во месец февруари

Редакција

BMW1 во Скопје, луксузни патувања за Дубаи во Тетово, Битола, Кривогаштани и Скопје, „МЕГАВИН.МК“ донесе среќа низ цела држава

Редакција

Во Пустец одржана промоција на “Буре барут” на авторот Дуковски во превод на албански јазик

Редакција