еМагазин
Image default
Техно

(Галерија) Новото Galaxy Z Flip Thom Browne издание за оние кои што не се плашат да експериментираат

Водечките медиуми, инфлуенсери и познатите личности пред некоја вечер имаа прилика да присуствуваат на ексклузивен, приватен настан во склоп на Модната недела во Њујорк, во организација на компанијата Samsung и врвниот моден бренд Thom Browne.

Причината за овој собир, во можеби необичниот спој на технологијата и високата мода, беше претставувањето на новото издание на Galaxy Z Flip свитливиот телефон, во бои карактеристични за познатиот њујоршки дизајнер.

Том Браун во светот е познат како дизајнер кој што ја промени и осовремени униформата на денешницата – машкото одело. Преиспитувајќи ги традиционалните пропорции, Брауновиот дизајн доследно ја пренесува вистинскиот американски сензибилитет, вкоренет во квалитетна изработка и прецизни кроеви.

Неговиот заштитен знак се концептуалните ревии, кои што привлекуваат внимание насекаде низ светот, поради провокативните и драматични теми и поставки, а најновата соработка со Samsung не е ништо поразлична.

Со цел прославување на почетокот на оваа несекојдневна соработка, гостите присуствуваа и уживаа во live перформансот, по кој што можеа и самите да ја пробаат оваа модна икона помеѓу телефоните за сезоната 2020/2021. По пример на уредот, во која што чест е и организиран, настанот беше совршена комбинација од висока мода и технолошки иновации, претставувајќи вонвременски стил и врвна креативност на двата брендови.

Изданието Galaxy Z Flip Thom Browne  е создадено за оние кои што не се плашат да бидат поразлични – како и за оние кои што сакаат технологијата која што ја користат да остава ист впечаток како и нивната гардероба. Во центар на вниманието се линии во бела, црвена и тегет боја, препознатливи за брендот Thom Browne, на модерна основа со боја на песок.

Целиот квалитет и иновативните функции на Galaxy Z Flip се присутни и понатаму, а уредот доаѓа во пакување со специјално дизајнираните Galaxy Buds+ слушалките и паметниот часовник Galaxy Watch Active2.

Ограничените количини на Galaxy Z Flip Thom Browne Edition телефоните ќе бидат достапни за нарачување на одбрани пазари, почнувајќи од 14 февруари, на сајтовите Samsung.com и Thombrowne.com, како и на NET-A-PORTER и MR PORTER, додека официјалната продажба ќе започне во март.

За повеќе информации, посетете ги thombrowne.com, news.samsung.com/galaxy, samsungmobilepress.com или www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip.

За Том Браун

Браун го започна својот бизнис во 2001 година – со пет одела, во мало студио „по нарачка“ во њујоршката населба West Village. Во текот на наредните години, го ширеше своето внимание, креирајќи ready-to-wear и колекција за аксесоари, како за мажи (2003), така и за жени (2011).

Неговиот бренд е моментално достапен во повеќе од 300 водечки трговски центри и специјализирани бутици ширум 40 земји, како и во 31 официјална flagship продавница во Њујорк, Лондон, Милано, Токио, Хонг Конг, Пекинг, Шангај и Сеул. За повеќе информации, посетете ја www.thombrowne.com.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонски научници – дел од тимот што освои прва награда на престижната меѓународна конференција Ubicomp во Англија

Редакција

(Видео) Со гаџетите и модерната технологија до позитивни промени во животниот стил

Редакција

Атрактивна понуда на А1 Smart Home пакетите

Редакција