еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Новото име на фасадата на Владата по изборите

Поставувањето на новото име на фасадата на Владата ќе биде извршено по изборите, изјави денеска генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, одговарајќи на новинарско прашање по средбата со  претставниците на Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците.

– Тоа е процедура што налага тендерски постапки и можете да очекувате тоа да се случи по завршување на изборите, согласно тоа дека за време на избори тендерски постапки што не се во годишниот план за јавни набавки не може да се спроведуваат, рече Рашковски.

По стапувањето во сила на Договорот од Преспа, од фасадата на Владата беа отстранети буквите „Влада на Република Македонија“, а на нивно место треба да дојде новиот назив „Влада на Република Северна Македонија“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбиени барањата на Јанева и Боки 13 за укинување на притворот

Редакција

Боки 13: Имам докази за криминал од Вилма Рускоска од 4 милиони евра, каде да пријавам?

Редакција

Се што треба да знаете за алергии на храна

Редакција