еМагазин
Image default
Македонија

Новозаболените лица со коронавирусот во Прилеп се на 73 и 74-годишна возраст

Со денешните нови два случаи на потврдени заболени лица со Ковид-19, во Прилеп вкупниот број е осум заразени лица.

Како што информираат од прилепскио Центар за јавно здравје станува збор за маж и жена на возраст од 73 и 74 години. И двајцата биле во контакт со првите два потврдени случаи на корна вирус.

Сместени се на Инфективното одделение во прилепската градска болница „Борка Талески“.

– Во моментов се прават епидемиолошки анкети и се ставаат под здравствен надзор сите нивни контакти. Исто така ќе бидат земени брисеви од сите нивни блиски контакти, изјави директорката на Центарот, Драгица Николоска.

Имено, првите два случаи на заболени во Прилеп се сопружници на над 60-годишна возраст.

Вчера евидентираните четири заболен лица се: едно дете на девет годишна возраст, две жени на 35 и маж на 36-годишна возраст.

МИА/Фото: Општина Прилеп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонка во САД: Живееме во социјална и економска криза како никогаш досега

Четврта жртва на коронавирусот во Македонија: Почина жена на 66 годишна возраст од околината на Струга

Вкупно 241: 22 нови случаи на заболени со коронавирусот, 9 во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев за грчка „Та неа“ : Ако пратениците од опозицијата не сакаат да прифатат одговорност, одиме на избори

Редакција

Силјановска отвори Твитер профил: „Стево чувај се!„

Редакција

Бројките се зголемуваат: Нови 74 случаи на Ковид-19 од 4.582 тестирања

Редакција