еМагазин
Image default
Македонија

Новозаразените со коронавирусот во Штип се членови на семејството на заболен таксист, кој не работел

Двата нови случаи на заразени со коронавирусот се поврзани со вчерашниот регистриран пациент од Штип. Станува збор за семејството на штипскиот таксист, кој е хоспитализиран на Инфективното одделение, а кој подолг период не одел на работа, односно немал контакт со патници.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека попладнево двата члена од семејството ќе бидат прегледани на Инфективното одделение и лекарите ќе одлучат дали ќе останат или ќе можат да се лекуваат во домашни услови.

Додека пак пациентот, кој се заразил со коронавирусот при посета на Тетово денеска го добил првиот негативен тест, а во рок од 48 часа ќе му се прави и втор тест. Во моментов во Штип има 4 активни случаи.

-Во моментов имаме двајца пациенти од Штип, кои се хоспитализирани на Инфективното одделение и по еден од Берово и Пехчево. Пациентите се добри и се следи нивната состојба, вели Ѓеорѓијев.

Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје прават и епидемиолошка анкета меѓу вработените во една штипската приватна здравствена ординација, каде што работела сопругата на таксистот.

Сметаат дека опасност од зараза за пациентите нема, бидејќи медицинскиот персонал работел со комплетна заштитна опрема, но тројца од колегите на медицинската сестра ќе одат во изолација и ќе се следи нивната состојба, бидејќи при соблекувањето на заштитната опрема, можно е да имале контакт.

Инаку на пунктот за земање на брисеви за тестирање на Ковид 19 дневно имаат во просек по еден или двајца пациенти.

Скринингот на градинките во Штип, Пробиштип, Карбинци и Радовиш почнува од 1 јуни. Во штипската градинка „Астибо“ ќе се тестираат вкупно 132 вработени, а во „Вера Циривири-Трена“ 91 лице. Додека во градинките во Радовиш има 78, потоа во Пробиштип 58, во Општина Конче има 10 и во Карбинци деветмина вработени во детската градинка.

МИА/Фото: Општина Штип

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Свети Николе нема заболено лице од коронавирусот, туку во Општина Лозово

Лицата кои се заразија со коронавирусот на семеен настан во Скопје се од Чаир

Нов позитивен случај на Ковид-19 во Добри Дол

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење за „Рекет“: Боки 13 го советувал Камчев да признае дел од вината за „Империја„ и да плати оштета

Редакција

Пресудата на 5 јуни: Конечно се одржаа завршните зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово

Редакција

Докторот Илир Демири e нов директор на Клиничката болница во Тетово

Редакција