еМагазин
Image default
Македонија

Новозаразените со Ковид-19 во тетовско, вирусот го добиле од гости

Кризниот штаб при Општина Тетово соопшти дека од здравствените установи добиле информација дека големиот број новозаболени се луѓе кои воопшто не излегувале од своите домови, а Ковид-19 добиле од гости кои дошле кај нив.  

До 18 мај во Тетово и околните општини се регистрирани четири нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на дијагностицирани е 147. Од овој број досега оздравени се 56 лица, а 13 починале.

Бројките во последните денови за жал упатуваат на постојан пораст на бројот на заразени лица со Ковид-19 во Општина Тетово и околината. Ова во голема мерка се однесува на непочитување на заштитните мерки, односно не користење на заштитни маски и одржување на физичко растојание.

Исто така, имаме случаи на луѓе кои не ги напуштиле своите домови, но биле заразени со Ковид-19, што значи дека вирусот им е донесен од страна, како резултат на посети во нивните домови од членовите на семејството и нивните пријатели. Затоа, апелираме да се намали бројот  на непотребните посети и поголеми групирања во домови и затворени простории,“ истакна градоначалничката Теута Арифи.

Таа најави дека ќе локалната самоуправа ќе им помага на верските објекти за дезинфекција.

По општини најголема бројка на заразени, 68 има во тетовската општина каде има и четири починати лица, во општина Боговиње 47 заболени, и шест починати, во Теарце има 10, Брвеница 12 заболени и еден починат, во Јегуновце четворица заболени и во Општина Желино шест заразени, а починати две лица.

МИА/Фото: Општина Тетово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потврдени уште 25 нови случаи на заболени со корона вирусот, најмногу во Скопје

Убава вест: Регистрирани уште осум оздравени пациенти, вкупната бројка достигна 1.301

Починаа уште тројца пациенти од корона вирусот, вкупната бројка достигна 104

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Не сме многу далеку од договор со Бугарија

Редакција

Вкупно 4.322: Починаа уште 33 лица од Ковид-19, меѓу нив 25-годишен гевгеличанец

Редакција

Денеска и утре нова средба на заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања

Редакција