еМагазин
Image default
Локално

Ножеви „играле“ пред хотел во Стар Дојран: Избоден скопјанец, приведени двајца струмичани

На 01.05.2019 година пријавено е дека во периодот од 02.10 до 03 часот, пред хотел во Стар Дојран, дошло до физичка пресметка во која учествувале повеќе лица, а бил употребен и нож, информира МВР.

З.М.(45) од Скопје се здобил со убодни рани во телото, а И.С.(33) од Гевгелија сe здобил со повреди и им била укажана помош во Медицинскиот центар Гевгелија.

Во врска со овој случај, приведени се К.Р.(24) и Р.С.(21) двајцата од Струмица. Известен е јавен обвинител и по насоки на обвинител се преземаат мерки за пронаоѓање на другите учесници и расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Го нападнал на наплатната каса кај паркингот на Клинички

Редакција

Неексплодирана граната прoнајдена во село во тетовско

Редакција

На прилепчанец му го запалиле „Аудито“ во Скопје

Редакција