еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителството ги истражува злоупотребите на АКМИС-от, неколку лица повикани да дадат исказ

Основното јавно обвинителство Скопје во континуитет презема дејствија во врска со предметот за злоупотребите на системот за автоматска распределба на судските предмети (АКМИС), за што неколку лица се повикани во Обвинителството да дадат исказ.

– Основното јавно обвинителство Скопје во континуитет презема дејствија за расчистување на предметот и утврдување на факти. Во насока на проверка на наводите од извештајот, побарани се податоци од Судски совет и Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, велат за МИА од ЈОРМ.

Оттаму посочуваат дека во текот на минатата недела, двајцата надлежни јавни обвинители кои постапуваат во предметот заедно со стручни соработници вршеле непосреден увид во кривичните предмети во Основниот суд Скопје 1 Скопје, како и во системот за нивно заведување заради утврдување евентуални неправилности.

Од Обвинителството велат дека се испратени и покани до неколку лица за да дадат исказ пред јавен обвинител.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Власта не ми помогна да избегам, вели Груевски

Редакција

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Редакција

Лажни се дојавите за бомби во 23 основни училишта во Скопје

Редакција