По повод документот од истрагата во случајот „Рекет“ кој беше објавен во дел од медиумите, се огласи и Основното јавно обвинителство осудувајќи го овој настан. Факсимилот од Записник за примање кривична пријава, од 2 мај 2019 г., од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, содржи информации кои Орце Камчев ги дал на обвинителката Вилма Русковска за случајот „Рекет“.
Според ОЈО, објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата за предметот „Рекет“, кои освен како моментална сензација, не придонесуваат во остварување на каква и да е друга цел
-Обвинителството нема да ги коментира информациите изнесени во јавноста, но ќе потенцира дека откривањето на доверливи информации од страна на поединци претставува опасност и штета за севкупниот општествен систем и е кривично дело. Со протекување на ваков вид документи се повредува пресумпцијата на невиност, се загрозуваат животи на инволвираните лица и воопшто сe отежнува текот на постапката, посочуваат од ОЈО.
Од Обвинителството нагласуваат дека ќе преземат дејствија за утврдување на фактите како овие документи се протечени во јавноста и ќе бара одговорност од сторителите.
-Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и укажува на јавноста дека ваквите неодговорни извори на информации и медиуми со ограничена цел, нема да влијаат врз решеноста на обвинителството овој случај да добие комплетна завршница. Дотолку повеќе што зад исходот на овој предмет стои посветеноста и енергијата на севкупното обвинителство решено да го оправда своето име и да и застане на патот на корупцијата, се наведува во нивното соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев најави тужба за клевета за случајот „Рекет“
Плусинфо: Боки 13 ги пуштил во оптек парите што ги зел во „Рекет“ како легално стекнати
За синот на Катица Јанева нема доволно докази дека е вмешан во „Рекет“