еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Објавен новиот протокол за рестораните: До 12 лица на споени маси, гостите на растојание од 1,5 метри

Во Службен весник е објавен новиот протокол за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана.

Неговата содржина Ви ја пренесуваме во целост:

Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце.

Се ограничува бројот на гости, ќе се послужуваат само гости кои може да седат и лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки.

Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.

Задолжително менаџирање на влегување на гостите. Одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект.

Во просторот за послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 m со соседните маси во сите правци.

На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица.

На една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство.

Дозволен е максимален број на 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1.5 m.

Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса.

Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна.

Засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса.

На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Објавен новиот протокол за кафетериите: Нема веќе „стоење“ на шанк, родендени и „музички свирки“

Сите детали: Какви се новите правила за работа на теретаните и фитнес-клубовите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски ја „распламти“ Србија: „Подобро да молчи на јазикот, кој освен нас никој не го признава“

Редакција

31 година независност: „Обединети во слободата“ е мотото под кое ќе бидат одржани повеќе свечени и културни настани

Редакција

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ избра: Ѓорѓија Сајкоски е нов генерален секретар на партијата

Редакција