еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Објавен повик за ИТ обуки: Со 35,1 милион денари ќе се преквалификуваат 1.253 невработени млади лица

Денеска во Владата се презентираа трите јавни огласи за обуки за ИТ вештини кои се дел од Оперативниот план за вработување за 2019 година.

„Наша цел е да ги надградиме вештините на невработените млади лица до 34 години и тоа во област за која има реална потреба на пазарот на труд. Оваа година за првпат мерките за вработување ги правевме заедно со сите засегнати страни за тие да бидат ефикасни и да дадат видливи резултати.

За обуки за ИТ вештини имаме предвидено 35,1 милиони денари, ова е неколкукратно зголемување во однос на лани, кога беа издвоени 8,5 милиони денари. Ги охрабрувам сите заинтересирани млади да се пријават и да ги усовршат своите знаења и вештини.

Посебно ги охрабрувам младите жени да ја искористат оваа можност и да се стекнат со нови знаења со кои ќе обезбедат сигурни вработувања со високи примања во софтерските компании каде што досега поголемиот дел од вработените се мажи“, истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Планираниот опфат на лица за 2019 година е 1.253 невработени млади лица до 34 години. Јавниот повик за учество во Програмата Обуки за развој на дигиталните вештини се објавува денеска и трае до исполнување на опфатот.

Станува збор за неколку различни видови на обуки. Обуки за напредни ИТ вештини: Целта на мерката е преку обука да се задоволат потребите од напредни ИТ вештини, обуки за напредни ИТ вештини (со кофинансирање). Целта на мерката е преку обука да се задоволат потребите од напредни ИТ вештини и воведни Обуки за ИТ вештини (on line).

Целта на мерката е преку обука да се задоволат потребите од основни ИТ вештини.

Со обуките се нудат нови мрежни технологии и администрање на компјутерски системи, основите за дизајнирање и имплементација на ИТ инфраструктура на најкористената AWS Cloud платформа, практиките на објектно-ориентираното програмирање кое подоцна ќе биде основа за пишување на скриптите во процесот на автоматско тестирање, креирање стратегија на производ базирана на корисничко искуство, да дефинираат функционалности и интеракција во кориснички интерфејс, да изработат прототип на веб проект и да ја тестираат идејата.

Изминатите неколку години оваа мерка од оперативниот план дала одлични резултати и 50 % од обучените невработени лица во моментот се вработени.

Од вкупно 202 лица коишто биле обучени во 2016 година во моментот работат 112, а од поминатата обука на 100 лица лани, сега во работен однос се 50.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Компаниите од Ивент индустријата разочарани од мерките на Владата за финансиска помош

Редакција

Забранет извозот на огревно дрво, пелети, пченица и брашно, укината царината за увоз на масло за јадење до крајот на годината

Редакција

Тешко на семејствата што живеат со една плата: Раст на основните трошоци на едно четиричлено семејство во март

Редакција