еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Објавен предлог-законот: Кои работодавачи ќе добијат субвенции за зголемување на платите?

Владата го објави нацртот на предлог-законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување на работодавачите кои ќе ги зголемат платите на работниците од кој може да се види под кои услови ќе можат да се добијат субвенциите.

Субвенционирање на придонеси може да користи работодавач кој:

-има статус на активен обврзник за пресметка и уплата на придонеси, односно не е во постапка на стечај или ликвидација или постапка на бришење согласно со членовите 477,477-а, 552-а и 552-б од Закон за трговски друштва

-нема доспеани обврски по основ на бруто плата до денот на побарување на субвенцијата на придонеси.

Субвенционирање на придонеси може да  користи работодавач за осигуреник кој бил во задолжително социјално осигурување кај тој работодавач во сите месеци од референтниот период и за кој има зголемување на плата на начин утврден со член 3 точка 7 од овој закон.

Субвенционирање на придонеси може да користи работодавач за осигуреник за кој има зголемување на плата како разлика меѓу пресметаната нето плата за месецот за кој се побарува субвенционирање на придонеси и референтната основна плата исплатена од работодавачот во референтниот период.

Субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување по основ на зголемена плата не може да остварат:

– органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон,  институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје

– приватна агенција за вработување за осигуреници кои се отстапени кај работодавачи од алинеја 1 на овој член

– работодавач  кој за осигуреникот користи ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување согласно закон, за период додека го користи ослободувањето

– работодавач  кој за осигуреникот користи мерка за субвенција на плата преку Оперативниот план за активни програми и мерки за  вработување за периодот додека ја користи мерката и

– работодавач кој за осигуреникот за кој побарува субвенционирање на придонеси му е доделена финансиска поддршка за нови вработувања согласно со Закон за финансиска поддршка на инвестиции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Работодавачите ќе добиваат субвенции за покачување на платите од 600 до 6.000 денари

Со нов закон ќе се одредат условите за субвенции за повисоки плати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој ги наследи акциите на Глигорие Гоговски во Тетекс

Редакција

И официјално: Само поради Бугарија нема датум за преговори со ЕУ

Редакција

(Видео) Неформалната вечера на балканските лидери во Брисел без многу детали за јавноста

Редакција