еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Обемна студија во Италија со одлични резултати за вакцинираните против Ковид-19: Смртноста и хоспитализациите намалени за 80%

Научници од италијанскиот Национален институт за здравство и Министерството за здравство спроведоа обемно истражуавање на 13,7 милиони луѓе вакцинирани против Ковид-19, во периодот од 27 декември 2020 година,  до 3 мај 2021 година.

Анализата покажала дека ризикот од инфекција со Ковид-19, како и хоспитализацијата и смртта, постепено се намалува по првите две недели од приемот на првата доза на вакцината.

„На триесет и петтиот ден од приемот на првата доза на вакцината, научниците забележаа 80 проценти помалку случаи на инфекција, 90 проценти помалку хоспитализации и 95 проценти помалку смртни случаи од ефектите на болеста“, соопштил Институтот.

Резултатите, велат од таму, одат во прилог на ефективноста на кампањата за вакцинација и потребата да се постигне што е можно повеќе вакцинирања на населението, за да нема потреба од хоспитализации.

95 проценти од исптиацните примале дози и на „Фајзер“ и на „Модерна“, а останатите биле вакцинирани со „АстраЗенека“, кои сè уште не добиле втора доза.

Во Италија, двете дози на вакцината ги примиле околу 8,3 милиони Италијанци, или 14 проценти од популацијата, а 10 милиони ја примиле првата доза на вакцината.

Италија лани беше една од најпогодените земји од Ковид-19.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новопочинатиот од коронавирусот од Скопје имал претходни заболувања

Редакција

(Видео) Спектакл за 1 Мај во Скопје во 1960 година: Работниците денес без причина за празнување

Редакција

Бразил е ново жариште на корона вирусот, за еден ден регистрирани 1.179 починати

Редакција