еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Oбезбедени се 23 единици конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти со корона вирусот

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во изминатиот период се реализирани 16 дарувања на конвалесцентна плазма, од кои седум дарувања со постапка плазмафереза на клеточен сепратор и 9 преку стандартно дарување на целокупна крв. Со ова, обезбедени се 23 единици конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти со Ковид-19.

„Корона вирусот е сигнификантна нова закана за јавното здравје поради брзото ширење, каде се огромни напори да се спречи. Неодамна во Институтот за трансфузиона медицина се изготви протокол за дарување на конвалесецентна плазма.

Дарител на конвалесцентна плазма може да биде секое лице кое е излечено од овој вирус и кој ги исполнува условите за дарување наведени во протоколот.

Конвалесцентната плазма содржи антитела против коронавирусот создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста. Тие создадени антитела се присутни во плазмата и истите со дарување на конвалесцентна плазма може да се користат во сузбивање на болеста во друго лице со Ковид-19.

Голема благодарност до сите оние излекувани пациенти кои даруваа конвалесцентна плазма и упатуваме апел до сите кои поминале низ овој вирус да даруваат плазма за побрзо да го спречиме ширењето на овој непредвидлив вирус,“ информираат од Министерство за здравство.

Формулар за донор на Ковид-19 ковалесцентна плазма, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет пациенти заболени од корона вирусoт се излекувани со крвна плазма

(Фото) Двете ќерки на најстарата излечена пациентка од корона вирусот, даруваа конвалесцентна плазма за да спасат нечиј живот

Сите детали: Каква е постапката за дарување на крвна плазма, која кај нас за прв пат се употреби за лекување од корона вирусот

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија на патот Маврови Анови – Дебар: Автомобил падна во Радика, три лица загинати, едно повредено

Редакција

Black Friday 2021 во А1 Македонија со екстра попусти за смарт телефони

Редакција

Албанската православна црква го признава името „Охридска“ во називот на МПЦ-ОА

Редакција