еМагазин
Image default
Локално

Обид за трикратно убиство во Сарај

На 07.11.2018 година во 11.54 часот во Полициската станица Сарај, И.З. пријавил дека во село Ласкарци, општина Сарај, С.М. од село Ласкарци со пиштол му упатил закани по неговиот живот, информира МВР.

По преземени мерки, било констатирано дека при вербална расправија помеѓу И.З. и Д.Р. од село Бојане, скопско и Џ.А. од село Мала Речица,тетовско, поради ископ на песок од река на парцела во сопственост на И.З., пристигнал С.М. и физички ги нападнал И.З., Д.Р. и Џ.А..

Притоа, пристигнал и А.Ј. од село Грчец, другар на С.М., и со пиштол испукал неколку куршуми во воздух и неколку куршуми кон И.З., Д.Р. и Џ.А., но не ги погодил.

После тоа, А.Ј.и С.М. побегнале од местото, избегале во непознат правец, а И.З., Д.Р. и Џ.А. побарале помош во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепчанец со нож ја нападнал сопругата

Редакција

МВР со детали за пукањето во Кочани

Редакција

Од утре се отвора за сообраќај патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица

Редакција