еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Облачно, а попладне сончево со слаб ветер

Времето претпладне ќе биде со магла или ниска облачност по котлините, а попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во југоисточните делови повремено умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со магла и ниска облачност, а попладне облачноста ќе се намали. Температурата ќе достигне 12 степени.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а претпладне со појава на магла по одделни котлини. Минимална температура ќе изнесува од минус пет до три степени, а максималната температура ќе биде во интервал од девет до 15 степени.

Во вторник ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, кон крајот на денот повремено засилен ветер од североисточен правец. Минимална температура ќе се движи од нула до седум степени, а максималната од седум до 12 степени. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Дома со Леа“ е првиот јутјуб канал за мајчинство на македонски јазик

Редакција

Богојавление-Водици: Урнебесни видеа од фаќањето на крстот низ Македонија

Редакција

(Фото) Планинари садеа дрвца и го искачија врвот Клепа во чест на Калина и Александар

Никола Осило