еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Oбвинение за негувателката која тепаше дете во игротека во Аеродром, се бара и продолжување на притворот

Основното јавно обвинителство од Скопје поднесе обвинение за кривично дело запуштање и малтретирање дете против негувателката која беше снимена од безбедносни камери во игротека во угостителски објект во Аеродром како тепа дете кое и било доверено на чување.

Од Обвинителството побарале и продолжување на притворот, мерка која и била претходно одредена.

„Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата на 21.11.2019 година, во игротека во еден угостителски објект, малтретирала двегодишно дете за кое била ангажирана како негувателка.

Додека родителите биле на работа, негувателката повеќепати го удрила детето со шлаканици, го давела со раката држејќи го во пределот на лицето и устата и неколкупати го подигала и удирала од земја. Детето во неколку наврати се обидувало да и побегне, а од малтретирањето се здобило со телесни повреди“, соопшти Јавното обвинителство.

Од Обвинителството посочуваат дека со оглед на тоа што во конкретниот случај постои реална опасност од бегство на обвинетата, како и можност таа да го повтори делото што и се става на товар, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор за дадилката која тепеше дете во игротека

Дадилката која тепаше дете во игротеката „Дежа Ву“ приведена во полиција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата на привремени вработувања ќе потроши 128.000 евра

Редакција

Сакал да прошверцува куршум во јакна во затворот во Скопје

Редакција

Стара „Систина“ станува ковид центар, лекувањето ќе биде на трошок на државата

Редакција