еМагазин
Image default
Македонија

Обвинетите пратеници за „27 април“ се откажаа од давање исказ пред судот

Обвинетите пратеници Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски се откажаа од давање одбрана пред Судот на денешното рочиште за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.

Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.

Адвокат на Крсто Мукоски, на почетокот на денешното рочиште рече дека, на 19 ноември ги повлекол сите поднесени материјални писмени докази, како и дека обвинетиот нема да дава исказ пред судот.

На прашање од судијката Кацарска, адвокатот Дончо Наков рече дека обвинетиот Љубен Арнаудов нема да дава одбрана, како и дека трите предложени видео-снимки целосно се поклопуваат со веќе изнесените од обвинителство, додека писмени докази немаат воопшто поднесено.

Одбраната на обвинетиот Љупчо Димовски, рече дека тој нема да дава исказ пред судот, но дека останува на изведување на поднесениот видео-материјал, по што во судница беа пуштени неколку видео-снимки од гестикулација на обвинетиот Љупчо Димовски во емисии и гостувања, за кои одбраната рече дека се исти или слични со посочените од обвинителството.

Бранителот на обвинетиот Јохан Трачуловски рече дека тој нема да даде исказ и дека ги повлекуваат сите предложени докази од листата на докази.

Судијката Кацарска го предупреди адвокатот на обвинетиот Митко Чавков дека судот на неколку пати ги известил оти нема да прифати докази поднесени после 21.08.2018 година и дека нема промена на тој став.

Откако судот не ги прифати доказите доставени од одбраната на Чавков, неговиот адвокат рече дека штом се дозволуваат само сведоци кои судот вика дека се навремено предложени, тогаш ги повлекуваат тројцата предложени сведоци.

Претходно исказ пред судот даде единствениот сведок предложен од одбраната на Мукоски, Марија Ангелова, која била пратеничка во Собранието од 2014 до 2016 година и учествувала на протестите пред Собранието на 27 април 2017 година.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена и треба да продолжи по еден месец.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кога ќе добиеме сигнал од француското претседателство дека има усогласен став, ќе дадеме одговор на предлогот за кревање на ветото, вели Османи

Редакција

Пендаровски со апел да се протестира достоинствено и без насилство

Редакција

Нови 324 случаи на Ковид-19 од 2.660 тестирања

Редакција