еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинетите за насилството во Собранието подаваат рака кон Заев и прифаќаат национално помирување

Обвинетите за насилството во Собранието на 27 април во прогласот испратен до јавноста, велат дека даваат поддршка да бидат прифатени уставните амандмани поставени како услов од осумте пратеници на опозицијата кои гласаа „за“ и да се гарантира македонскиот идентитет.

„Јасно ја поддржуваме евроатланската иднина на Македонија бидејќи сонот и борбата на нашите предци беше интегрирана и прогресивна Македонија. Да го продолжиме нивниот пат! Не сме за никакви политички сојузи со источниот блок, но ги почитуваме верските, културни и јазични врски со одредени источни држави.

Бараме итен влез на Македонија во НАТО, за да имаме безбеден територијален интегритет, а не заборавајте дека за оваа територија умираа комитите, партизаните, бранителите. Сметаме дека омразата и поделбите ќе донесат нови омрази и нови поделби. Да не им оставиме во наследство на идните генерации омраза и поделба.

Недвосмислено подаваме рака и го поддржуваме процесот на национално обединување! Простуваме, за да ни простат. Тоа е во духот на Христијанството. Повикуваме и на подавање рака на пријателство со Албанците во Македонија и ајде конечно да го направиме тој храбар чекор и да се издигнеме над сопствените индивидуи.

За крај, нашата генерација е спремна да прости и да побара прошка од секого. Нека ние бидеме последните притвореници и оваа една година помината во мрачните ќелии нека е последната капка раскол во општеството и завршен чин пред национално помирување во најава!“, се вели во прогласот.

Фото: СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апел од обвинетите за насилството во Собранието: Немојте дечињата на пратениците кои гласале, да бидат под страв

Што Мицкоски им ветил на обвинетите за насилството во Собранието, а не исполнил

Заев повика на помирување за 27 април и ги повика пратениците да гласаат за уставните измени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лутите ривали во Бугарија, ГЕРБ и ПП-ДБ договорија влада, ќе има ротирачки премиери

Редакција

Поради недостиг од судии, третина од кривичните предмети во Прилеп пред застарување

Редакција

(ВИДЕО) За што се пее во грчката “Македонија славна“

Редакција