еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Oбвинителите на СЈО се враќаат во матичните обвинителства

Советот на јавни обвинители денеска го констатира прекинувањето на мандатот на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), откако во саботата беше разрешена нивната шефица Катица Јанева.

Претседателот на Советот, Ацо Колевски, по седницата изјави дека досегашните обвинители на СЈО треба да се вратат во нивните матични јавни обвинителства.

Тимот на Јанева, избран во октомври 2015 година, го сочинуваа обвинителите Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска, Артан Ајро, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Љубомир Лапе, Стефчо Донев, Трајче Пеливанов и Елизабета Јософовска.

На почетокот на 2016 година, иако првично избрано, Јанева побара да бидат отстранети обвинителките Марија Ѓоргева и Лејла Кадриу.

Во саботата, по едногласната одлука на Собранието, Советот ја разреши специјалната јавна обвинителка која е во притвор за случајот „Рекет“.

Предметите на СЈО ги презеде Јавното обвинителство. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески најави дека постапувањето по предметите на СЈО ќе продолжи, но оти се уште не е утврдено кој ќе ги застапува.

Јовески може да им ги додели предметите и на обвинителите од СЈО кои и досега ги водеа.

Од предметите за кои СЈО покрена над 20 обвиненија, само три се целосно затворени, неколку се вратени на повторно судење или се чека изјаснување на Апелациониот суд.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Сега ќе си одам и не доаѓам веќе“: Снимката од заминувањето на разрешената Катица Јанева од Собрание хит на Твитер

(Видео) „Отвори, отвори“: Како разрешената Катица Јанева ја отвори портата на МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипската „Дона-М“ го доби тендерот на Министерството за одбрана за набавка на 14.000 воени униформи

Редакција

Починаа уште 26 лица од Ковид-19, двајца од нив вон болнички услови

Редакција

(Видео) Густ чад се шири од депонијата Дрисла

Редакција