еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителката Русковска не открива многу детали, но вели дека се собрани дел од доказите за бегството на Груевски

Првиот човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во емисијата „Правда и неправда“ на телевизијата 1ТВ рече дека веќе се собрани дел од доказите за бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски и оти со 100 процентна сигурност немаат утврдено дали тој легално ја поминал македонската граница.

Таа рече дека е неблагодарно во предистражна постапка да се лоцира одговорност за бегството на Груевски и додаде дека е потребно време да се утврди кога и на кој начин избегал од државата.

„Како Обвинителство ако ја лоциравме одговорноста, немаше да бидеме во предистражна постапка и ќе подесевме наредба за спроведување на истрага. Не можеме да си дозволиме шпекулација. Сепак сме сериозна институција и ако лоцираме вина било лична или на институција, тоа ќе го кажеме ама тогаш кога ќе имаме докази. Многу е неблагодарно во предистражна постапка да се каже дека ја лоциравме вината„, рече Русковска, прашана дали првично може да каже каде затаиле институциите во случајот со бегството на Груевски, бидејќи во јавноста веќе се лоцира одговорноста во МВР, СЈО или во Агенцијата за разузнавање.

Во однос на Агенцијата за разузнавање, Русковска потсети дека оваа инситутиција е под надлежност на претседателот на државата и упати на одговори кај Агенцијата за тоа дали тие имале некоја информација.

Во однос на судењето за настаните од 27 април во Собранието, Русковска рече дека е задоволна од текот и динамиката на судскиот процес. Додаде дека сите докази за овие настани одат во насока на воведниот збор на Обвинителството дека се резултат на испланирано сценарио и оти од досегашните докази не гледа причина за преквалификување на некое дело, но, како што рече, остава простор да се слушнат доказите на одбраната до крај.

Русковска истакна дека за овој случај досега немало потреба да биде повикан за сведок Никола Груевски, а улогата на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, како што посочи, јавноста можела да ја слушне преку новинарите. Сега засега не е меѓу обвинетите, рече Русковска, која се надева дека ќе има ново обвинение за организаторите.

Во коментар на реакциите за пуштањето од домашен притвор на пратениците кои учествуваа во гласањето за уставните измени и дали Обвинителството влегло во „политички игри“, Русковска подвлече дека таа лично дала негативно мислење за пуштањето на Крсто Муковски од домашен притвор.

„Лично дадов негативно мислење, а како се случи неговото излегување е веќе работа на судот,  а не на Обвинителството“, рече Русковска.

За другите двајца пратеници, рече дека нуделе гаранции и оти за нив сакала и претходно да даде позитивно мислење, но оти тоа не се случило за јавноста да не добие впечаток дека се пуштаат поради актуелните политички случувања во тој период.

Фото: 1ТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерката Мизрахи и казна ќе плати, ама таблата со Република Македонија не ја менува

Редакција

„Ние бевме тие кои со нашите пушки Ве симнавме од власт“, му одговори командант Малишева на Мицкоски

Редакција

Пановски за поканата на Сали на Фејсбук: Нормално на ваков начин секако не прифаќам

Редакција