еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителката Стефанова не стравува дека ќе биде инволвирана во истрагата за „Рекет“

Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лиле Стефанова не стравува дека би можело да биде инволвирана во истрагата во чии рамки вчера ѝ беше одземен телефонот на претседателката на СЈО, Катица Јанева, која поднесе оставка, а на две лица им беше одредена мерка притвор.

Прашана дали стравува дека може да биде вклучена во истрагата за „Рекет“, Стефанова, која го води случајот „Империја“, рече дека согласно Законот за СЈО, сите одлуки и списи кои излегуваат од оваа обвинителство, единствено ги потпишува Јанева и во нејзино име кога е отсутна овластени јавни обвинители.

– Јас немам потпишано ниту една одлука која излегла од ова обвинителство. Ниту мислењата за пуштање од притвор во куќен притвор, ниту пак одлуката за давање на патните исправи. Сите одлуки си ги потпишува и носи Катица Јанева, така е согласно закон. Јас немам законско право да потпишам ниту една одлука, изјави Стефанова.

Во однос на тоа дали стравува дека ќе биде инволвирана во случајот „Рекет“, рече дека за тоа нема потреба.

– Не стравувам. Нема зошто да бидам инволвирана, изјави Стефанова, посочувајќи дека за тоа дали треба да стравува обвинителката Катица Јанева треба да се праша лично таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Тимот на СЈО затечен: Никој не знаел за оставката на Катица Јанева

Специјалната обвинителка Ристоска за „Рекет“ и Јанева: Дејствијата на поединци не ги отсликуваат сите во СЈО

На Катица и е одземен мобилниот за да се провери поврзаност со Боки13

Каков имот пријавила Катица Јанева, која си поднесе оставка и остана без мобилен

Фото: 1ТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Нонсенс е дека нашата историја до 1945 била бугарска

Редакција

Белгија смета дека Македонија покажа волја за реформи за влез во ЕУ

Редакција

Случајот „Транспортер“ повторно пред Врховен

Редакција