еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителката Стефанова од СЈО: Јас никој пат не сум и се приближила на Катица, од самиот старт се оградувам

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во овој момент се наоѓа во една од најтешките состојби од своето основање и затоа апелирам политичарите и сите чинители во државата да седнат и да го донесат Законот за Јавно обвинителство за да немаме прекини на постапките, изјави денеска обвинителка Лиле Стефанова.

Посочи дека имаат сериозни истраги и дека со неносењето на законот и немањето на овластување и поставувањето на прашањето дали имаат овластување, му даваат огромен простор на криминалот.

Во однос на тоа дека шефот на СЈО, Катица Јанева е осомничен за криминал, Стефанова нагласи дека шефот е осомничен за криминал од пред два дена, така што работата во институција со осомничен шеф за криминал не постои.

– Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди со тоа, па дали ни бил шеф, колега или пријател, воопшто не е важно, изјави Стефанова.

Прашана дали се оградува од Катица Јанева, Стефанова, рече дека никој пат ниту се приближила.

– Јас никој пат не сум и се приближила на Катица, од самиот старт се оградувам, истакна Јанева.

Прашана дали е можно назначување на в.д. шеф на СЈО, Стефанова рече дека Законот за ЈО, кој важи доколку некои одредби не се веќе определени со Законот за СЈО, има повеќе решенија.

– Има решение за поставување на вршители на должност, решение за поставување на обвинител кој го заменува отсутниот или спречениот јавен обвинител. Сепак, тоа се ингеренции на Советот на јавни обвинители и да го оставиме да си донесе одлука. Како што разбрав, веќе се во процедура и ќе видиме што ќе донесат, изјави Стефанова.

Во однос на тоа дали се гледа како иден шеф на СЈО, Стефанова рече дека ниту се гледа, ниту пак има намера да конкурира за шеф на СЈО.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот и ја отфрли жалбата на Јанева за определениот притвор

За синот на Катица Јанева нема доволно докази дека е вмешан во „Рекет“

Ристоска, Јосифовска или некој трет: Кој ќе ја замени Катица Јанева?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанева сведочеше за „Рекет“: Не сум виновна, Камчев не бил привилегиран, а пари немам земено

Редакција

Нови 193 случаи на Ковид-19 од 1.192 тестирања, бројката на активни случаи е 19.978

Редакција

Нови 603 случаи на Ковид-19, бројот на активни изнесува 18.392

Редакција