еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителот Бубевски: Детето на Јанкулоска полни една година, недозволиво е и понатаму да се одложува издржувањето на казната

Заради правата на детето и на мајката, Врховниот суд донесе одлука со која издржувањето на затворската казна за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е одложено, но според обвинителот во СЈО, Гаврил Бубевски, недозволиво е и понатаму да се одложува нејзиното извршување затоа што детето и наполнило една година.

– Сметам дека Законот за извршување на санкции е премногу јасен и му дава можност на судот додека детето наполни една година, заради првата на детето и мајката, да го одложи извршувањето на соодветната санкција. Денеска истекува рокот, детето полни една година, се над тоа е нешто што е недозволиво. Не сум ја видел одлуката на Врховен од кои причини се раководел, дали хуман аспект или нешто друго имал предвид. Но, законот за извршување на санкции е така регулиран, нагласи обвинителот  Бубевски.

Тој додаде дека е симптоматично Врховен да го одложува извршувањето на казната само кога се работи за високи функционери, како што е Јанкулоска во случајов, но и како што беше случајот со Владо Бучковски во минатото.

Јанкулоска, која правосилно е осудена на четири години затвор во предметот „Тенк“,  требаше да се јави на издржување на казната на 1 јули.

МИА/Фото: Фејсбук/Јанкулоска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најдоцна во септември се очекува да се донесе законот за иднината на СЈО

Обвинителот Бубевски: СЈО го држат во вештачка кома

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарските европратеници од ГЕРБ-СДС побараа реакција од европските институции по претепувањето на бугарски граѓани во Скопје

Редакција

Марко Трошановски: Македонскиот јазик не е чист, ќе биде многу гнасно и далеку од чисто

Редакција

„Балканската рута“ уште функционира: Полицијата откри 12 мигранти кај Смоквица и во Скопје

Редакција