еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителство бара притвор за Јакимовски кој им се закануваше на новинарките Јордановска и Коровешовска

Oсновното јавно обвинителство од Скопје бара притвор за заканувачот Емил Јакимовски кој вчера беше приведен од полицијата поради пријава за семејно насилство.

„Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за сторени кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 (при вршење семејно насилство), Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 (по пат на информатички систем), како и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5.

Ценејќи ги сите околности во предметот, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, се вели во соопштението на ОЈО.

Јакимовски беше уапсен поради закани кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, како и директорката на Централниот рагистар, Марија Бошковска Јанковски која што му врачи и отказ поради нарушување на принципи од договорот за работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен Емил Јакимовски кој им се закануваше на новинарките Јорданова и Коровешовска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата „лабава“ за своите: Можат ли функционерите повторно да го „увезат“ корона вирусот?

Редакција

Продолжува судењето за „Титаник”

Редакција

Ковачевски утре ќе ја предводи владината делегација на првата меѓувладина конференција во Брисел

Редакција