еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителство отвори предмет по допрен глас за паднатата фасада на „МЕПСО“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција следејќи ги написите во медиумите за падната фасада на зградата на АД МЕПСО, денеска отвори предмет по допрен глас, информираат од таму.

„Предметот е распределен кај надлежен јавен обвинител кој издаде наредба до Министерството за внатрешни работи за обезбедување и вештачење на севкупната документација за проектот насловен „Реконструкција и адаптација на зградата“.

Обвинителството ќе испитува дали квалитетот на градбата соодветствува со барањата содржани во јавната набавка, како и за текот на надзорот при спроведување на изведбата. По добивањето и анализа на вештачењето, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката.

Со цел подобрување на енергетската ефикасност, на овој проект се потрошени околу 11 милиони евра буџетски средства,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Ветерот во Скопје ја однесе фасадата на МЕПСО, оштетени и други објекти од „Скопје 2014„

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Врба“ на Манчевски е македонскиот кандидат за „Оскар“ за 2021 година

Редакција

Вонредна инспекција за постапката за прифаќањето и третманот на починатиот ракометар Денис Тот на клиника, најави Министерство за здравство

Редакција

Зоран Милески – Кичеец се уште не се пријавил во КПУ Затвор „Скопје“, побарал одложување на издржување на казната

Редакција