еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Истрага за две лица по акцијата во која беше запленет кокаин во Крушопек

Заврши распитот на лицата кои беа лишени од слобода во акцијата во с. Крушопек, Општина Сарај, информираат од Јавно обвинителство.

„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Врз основа на прибраните докази и изјавите на лицата кои беа лишени од слобода, надлежниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор за сопственикот на фирмата увозник на овошјето, додека за второ осомниченото лице предложи мерки за обезбедување присуство. Останатите две лица се ослободени, а осомничените ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка,“ се вели во соопштението.

По Наредба на јавниот обвинител товарното возило во кое е откриена наркотичната дрога и целата пратка со овошје се запленети и предадени во Агенцијата за одземен имот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Арно викаа дрога ставаат во бананите„: Твитер реакции за заплениот кокаин во Крушопек

(Видео+фото) Приведени 4 лица, запленет 1 килограм кокаин во Крушопек, детали од МВР

Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од 1,3 тони по потекло од Колумбија наменет за Копер, Словенија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да го вратиме звукот во светот на Дамјан

Редакција

„Спектартермо“ го доби тендерот на Град Скопје за партерно уредување на Кеј 13-ти Ноември вреден 1,4 милиони евра

Редакција

Во Кичево два нови случаи со корона вирусот

Редакција