еМагазин
Image default
Македонија

Од близина е пукано во возилото: Обвинителство со детали за убиството на таткото и синот во Слупчане

Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во близина на с. Слупчане каде синоќа беше пронајдено возило кон кое биле истрелани повеќе куршуми.

„На увидот беше констатирано дека од близина е пукано во патничкото моторно возило во кое се наоѓале две лица, возач и неговото осумгодишно дете. Двете лица биле смртно повредени и починале на лице место.

По насока на надлежен јавен обвинител, увидната екипа на Министерството за внатрешни работи ги обезбеди и подигна трагите од лице место и истите ќе бидат предмет на натамошно вештачење.

Пронајдени се и подигнати поголем број испукани чаури преку чие вештачење се очекува да се утврдат битни факти во предметот. Ќе биде извршено вештачење и на возилото на кое се видливи повеќе траги од напад со огнено оружје. Издадена е и Наредба за вршење обдукција на телата на починатите.

Основното јавно обвинителство Куманово во континуитет презема дејствија со цел целосно расчистување на настанот“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Телма: Убиениот кај Слупчане бил лихвар

(Вознемирувачко фото) Автомобилот во кој беа убиени татко и син кај Слупчане изрешетан со куршуми

Татко и деветгодишен син убиени во Слупчане

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прифатен амандман на Беса на Касами за појаснување на државјанството на граѓаните Албанци

Редакција

Села за одземањето на имунитетот на Вељаноски: Дали Џафери е продолжена рака, или фатена опашка

Редакција

Полициски час и рестриктивни мерки и во следните седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Редакција