еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителството ги гони Вељаноски, Јанакиески, Груевски и Ристоски како организатори за настаните од 27. април

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вечерва преку соопштение информира дека под истрага се пет лица кои се сомничат дека се организатори на настаните од 27 април.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Во соопштението нема информации за кои лица станува, а медиумите јавија дека станува збор за поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, кој беше на распит во Обвинителството, по што беше пуштен, на распит се уште се поранешните министри, Миле Јанакиески и Спиро Ристоски, како и избеганите Никола Груевски, поранешен премиер и поранешниот вработен во УБК, Никола Бошковски.

Како што се наведува во соопштението, наодите од предистражната постапка укажале дека осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта.

За таа цел, ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на 27 април.

– Осомничените како организатори ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта и овозможиле континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите.

Со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста, критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучиле патриотски здруженија и ангажирале лица за извршување на насилство.

Воедно од седиштето на политичка партија континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови.

Во исто време, еден од осомничените со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, донел огнено оружје и панцирни елеци пред Собранието на Република Македонија што биле наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје.

Со овие активности осомничените предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните, се вели во соопштението.

Од страна на надлежен јавен обвинител доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничените.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицковски: Се апсат луѓе врз изјави на сомнителни лица

Заврши распитот на Јанакиески и Ристоски, Обвинителството бара притвор

Вељаноски: Јас да бидам организатор на настаните? Срамота!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ситуацијата во Украина не менува ништо, разговорите со Бугарија и реформите се патот кон членството во ЕУ, порачаа евроамбасадорот Гир и францускиот амбасадор Бомгартнер

Редакција

Владата донесе решение за распуштање на Советот на Општина Тетово

Редакција

Бугарското МНР се огради од скандалозното видео на Џамбаски и го оцени како несоодветно

Редакција