еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителството го доби вештачењето за телефонот, нема сознанија каде е Јанева

Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција стигнал извештајот од вештачењето на телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева што и беше одземен во врска со истрагата за случајот „Рекет“, потврдија за МИА од Обвинителството.

– Вештачењето на мобилниот телефон е завршено. Но, со цел да не се попречи на натамошното водење на истражната постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција не е во можност да сподели детали околу содржината на извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на јавниот обвинител. Вториот мобилен телефон до овој момент не е пронајден, велат од Јавното обвинителство.

Обвинителството нема сознанија каде во моментов се наоѓа јавната обвинителка. Досега обвинителството нема преземено дејствија за повикување на јавната обвинителка, нема ниту преземени дејствија на следење или лоцирање.

– Обвинителството во моментов не може да сподели информација во врска со бројката на лица кои се обраќаат до јавното обвинителство и кои пријавуваат. Временскиот период од обелоденување на истрагата е кратко, поминаа само седум дена во кои континуирано  се обраќаат лица со цел да пријават кривично правни настани, наведуваат од Јавното обвинителство.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Слободен печат: Катица Јанева боледува во Гевгелија, препорачан и е одмор

Кој знае каде е Катица Јанева?

КОД: Катица Јанева на спикерфон додека Боки 13 барал рекет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нинџа осуден на уште шест месеци затвор, призна вина дека помогнал во бегството на началниците на УБК, Грујовски и Бошковски

Редакција

Странски експерти ќе се вклучат за да ги утврдат причините за пожарот во ковид-центарот во Тетово

Редакција

Ако бидат откажани дел од нарачките следни за нарачка ќе бидат вакцините „Спутник“, порача Заев

Редакција