еМагазин
Македонија

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за јавните набавки во Министерството за здравство

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе предистражна постапка по допрен глас, заради постоење на индиции за повреда на законот при постапките на доделување договори за јавни набавки во Министерството за здравство.

Како што се наведува во соопштението од ОЈО, предистражната постапка е резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во Република Македонија во врска со неправилностите при спроведување на постапките за јавни набавки во Министерството за здравство.

Предметот се однесува на постапката за јавна набавка за биореагенси и тестови на крв во износ од 35 милиони евра и за набавка на лекови од веледрогерија за потребите на јавните здравствени установи без тендерска постапка во износ од 24,6 милиони денари.

ОЈО, како што се посочува, ги презема сите потребни дејствија и координација со институциите надлежни за откривање на овој вид кривични дела.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

14 лица не го почитувале полицискиот час, 534 казни за неносење маска

Редакција

Чудни критериуми за вработување: Нема место за лекари Македонци во тетовската Клиника

Редакција

Петков по средбата со Ковачевски: Не се обврзавме на никакви рокови

Редакција