еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителството отвори предистражна постапка за протекување на материјал од посебни истражни мерки

Јавното обвинителство денеска соопшти дека е почната предистражна постапка во врска со сознанијата на Министерството за внатрешни работи за протекнување на материјали од посебни истражни мерки.

– По известување од страна на Министерството за внатрешни работи за сознанија во врска со протекување на материјал од посебни истражни мерки, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема дејствија во предистражна постапка за откривање сторители и обезбедување докази, се наведува во соопштението.

Од Обвинителството информираат дека во текот на вчерашниот ден биле повикани четири лица, вработени во Министерството за внатрешни работи, во својство на сведоци кои дале искази пред јавен обвинител од Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

Во текот на јануари годинава во одредени медиуми беше објавена снимка која е материјален доказ прибавен со посебни истражни мерки. Од страна на МВР, како што се наведува во соопштението, би анализиран објавениот материјал и било известено обвинителството за понатамошно постапување.

Биле повикани лицата кои во времето на спроведување на мерката во 2014 година биле одговорни за неа и им биле одземени четирите мобилни телефони за кои е донесена наредба за вештачење.

Во наредниот период ќе бидат повикани и други лица со цел да се расветли како е дојдено снимката да биде објавена во медиумите.

Посебните истражни мерки спаѓаа во класифицирани информации со законски одреден степен на класификација „Строго доверливо“ и секое нивно објавување претставува кривично дело „Оддавање на службена тајна“ предвидено и казниво по член 360 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чулев вели дека не се од неговиот тим: Полициски службеници на распит во Обвинителството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 590 случаи на Ковид-19, починати две лица

Редакција

Од Ковид-19 починаа 10 лица, најмладите на 33 и 44-годишна возраст

Редакција

Има и нов кластер: Седум нови случаи со Ковид-19 и седум оздравени во кумановско

Редакција