еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителството отвори предмет за масовното присуство на граѓани на Литијата во Струга

Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет по објавување на снимките и фотографиите на социјалните мрежи, а во врска со масовното присуство на граѓани на Литијата одржана на 7 мај 2020 година, по повод верскиот празник Св. Ѓорѓија.

-Постапувањето на обвинителството е заради присуството на граѓани на Литијата во услови на пандемија, кога не се почитувани Одлуките на Владата на Република Северна Македонија за задолжително придржување на здравствените прописи и тоа во однос на забраната за групирање во групи поголеми од две лица, потребното растојание од најмалку два метри меѓу лицата и задолжително носење на заштитни маски, доколку просторот меѓу граѓаните е помал од пропишаното, се наведува во соопштението.

Во насока на утврдување на факти во предметот, струшкото обвинителство поднесе Барање до МВР.

– ОВР Струга за проверка на настанот и откривање на евентуални сторители на кривичното дело.

При тоа, побарано е да се идентификуваат и повикаат организаторите на Литијата за да се утврди дали настанот бил уредно пријавен, кој требало да учествува, каква дозвола добиле и дали е постапувано согласно истата, како и дали презеле дејствија како организатори да нема присуство на граѓани или пак со редарска служба да го обезбедат евентуалното присуство на граѓани, а во насока на примена на здравствените прописи во услови на опасност од ширење на заразната болест предизвикана од вирусот COVID-19.

Обвинителството издаде и Наредба за обезбедување на безбедносните камери од околните објекти, со цел да биде извршена идентификација на лицата кои присуствувале на настанот, како и да се утврди дали лицата самоиницијативно присуствувале на настанот, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Литијата пример за двојни аршини: Со кој памет драги стружани?

„Построг полициски час само за Струга“: Твитер реакции за верскиот собир

(ВИДЕО) Во време на пандемија, стотици верници по улиците на Струга за традиционалната литија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК: Данела Арсовска пред Петре Шилегов, за Советот на Град Скопје најмногу гласови има ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Четиригодишно девојче питачело и тешко се рзболело: Мајката од Струмица осомничена за малтретирање

Редакција

По Фетаи и Рустеми ја повлече кандидатурата: Советот на ЈО нема кворум за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје

Редакција