еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителството почна истрага за изградбата на мостот „Око”

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за злоупотреба на службена положба и овластување за изградбата на пешачкиот мост „Мост око”.

“Осомничените во периодот од 2009 – 2012 година при спроведување на постапка за јавни набавки со неизвршување на својата службена должност овозможиле изведувачот на Проектот – Изградба на пешачки мост „Мост око” на реката Вардар, да се стекне со имотна корист во износ од 26.653.424,00 денари“, соопшти Обвинителството.

По склучување на договорот во висина од 92.546.647,00 денари за јавна набавка на работи – изградба на пешачки мост од страна на Општина Центар како инвеститор од една и изведувачот на градежните работи од друга страна, склучен е и Анекс на договорот за јавна набавка со што вредноста на договорот се зголемила на износ од 119.197.783,00 денари.

Првоосомичениот како извршен орган на општината и потписник на Договорот за јавни набавки и Анекс договорот за јавна набавка, заедно со второосомничениот како потписник на барањата за исплата кој имал обврска да ја проверува документацијата и со тоа да го следи степенот на реализација на проектот и третоосомничениот како овластено одговорно лице за следење на текот на изведбата на проектот согласно договорот, не ги запазиле законските одредби од Законот за јавни набавки.

Осомничените согласно своите надлежности не презеле активности за активирање и наплата на банкарските гаранции депонирани во деловните банки од страна на изведувачот, ниту побарале продолжување на рокот на важност на гаранциите во износ од 8.773.714 денари за дадените аванси.

Воедно, првоосомничениот согласно склучениот Анекс договор, иако бил обврзан, не го продолжил рокот на важност на банкарската гаранција за навремено и квалитетно извршување на работите во износ од 17.879.710,00 денари, а која гаранција по раскинување на договорот требало да ја активира и наплати во корист на Општина Центар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Се вакцинирав како политичар, но ви се обраќам како доктор, вели Османи откако се вакцинираше против Ковид-19

Редакција

Ќе прави ли Шилегов ново партиско дувло од новата фирма за парно греење?

Редакција

Убава вест: 731 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција